Утрински Весник
Македонија

Николовски: Лагите на ВМРО-ДПМНЕ стануваат смешни, а фактите зборуваат за успехот

Img 4262.jpeg

Кампањата на лаги која ВМРО-ДПМНЕ ја води против мене станува се повеќе смешна, но ќе мора повторно да ја демантирам со факти и докази, напиша Љупчо Николовски на статус на Фејсбук. Тој истакна дека хотелот, за кој се шпекулира дека чинел 500 евра за ноќ, всушност е бутик хотел од 3 ѕвезди.

„Не само што е најевтиниот можен достоен смештај во Њу Јорк, туку лага е дека трошокот бил направен за мене. Всушност, се работи за две ноќевања за две лица, со цена од 225 евра по ноќевање,“ појасни Николовски.

Министерот додаде дека целта на неговото патување била успешно постигната. „Македонија стана 13-та земја по извоз на вино во светот, а за прв пат во историјата, во 2023 година, нашите винарии беа претставени на престижниот саем Белавита во САД. Ова значи отворање нови пазари, склучување договори и огромен успех за кој сите треба да сме горди,“ рече Николовски.

Во својот статус, тој остро го осуди ВМРО-ДПМНЕ за „срамната кампања“ и додаде дека нема да можат вечно со лаги да ги покриваат своите неуспеси. „Мојот образ и чест се чисти, а министерството кое го раководев беше рангирано како најодговорна и најтранспарентна институција во државата,“ заклучи Николовски.

Можете да прочитате

Аврамовски: Наместо пари за питијади и ајваријади, општините да инвестираат во повеќе јавни паркинзи, зеленило и подобри услови во градинките и училиштата

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: Следува намалување на интензитетот на овој топлотен бран од Африка!

ВМРО-ДПМНЕ: Аудито Q8 на Филипче кое го возеше и во предизборната кампања е купено од фирмата која продавала 3 пати поскап јаглен на ЕСМ