Утрински Весник
Економија

Николовски – Азески: Договорени редовни консултации со Стопанска комора, целта зголемување на конкурентноста на македонската економија

546987.jpeg

Унапредување на соработката со бизнис заедницата преку редовни консултации и заеднички настани, што треба да резултира со зголемување на конкурентноста на македонската економија, е договорено на средбата на директорот на Царинска управа Бобан Николовски и претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески. Ваквиот начин на соработка ќе биде дефиниран преку нов Меморандум за соработка каде ќе биде дефинирана новата рамка за унапредување и развој на царинско-деловните партнерства.

На средбата двете страни беа согласни дека на овој начин ќе се овозможи доследност, усогласеност, предвидливост и ефикасност на царинските и деловните процеси.

„Унапредување на односите е многу важно за зголемување на перформансите на бизнис заедницата, а со тоа и за економска трансформација на државата како клучен приоритет на Владата”, потенцира Николовски.

Ваквото ниво на соработка е неопходно, при што двете страни ќе работат на воспоставување процес на редовни консултации и партнерство со бизнис заедницата.

„Стопанската комора ја поддржува и охрабрува Царинската управа да го унапредува царинското работење со воведување на нови дигитални услуги и решенија и осовременување на опремата особено на граничните премини, зашто тоа истовремено ќе значи олеснување и забрзување на постапките и поддршка за извозните компании за зголемување на нивната ефикасност и конкурентност”, вели Азески.

Можете да прочитате

Мицкоски: Состојбата со горивата е стабилна, нема покачување на цената на електричната енергија

Нафтата падна на помалку од 100 долари по барел по најавата за крај на војната на Блискиот Исток

ОАЕ ги зголеми цените на бензинот и дизел горивото