Утрински Весник
Македонија

Николова: Учениците граматика ќе учеле од сериите, ДПМНЕ ќе го уништи образованието

Image 2024 08 09 121916468.png

Интегрален текст од прес-конференција на Даниела Николова од СДСМ

ДПМНЕ и министерката Јаневска по само два месеци откако ја преземаа власта, потврдија дека образованието за нив воопшто нема да биде приоритет. Министеката Јанева, вчера во скандалозна изјава рече дека учебници по странски јазик нема да има, но тоа не е проблем затоа што учениците учеле од серии. Тажно е што ДПМНЕ постави министерка за образование, која внимавајте, смета дека било важно децата само да разбираат странски јазик, а не да учат граматика, заменки и именки.

Покрај оваа крајно скандалозна и комична изјава во исто време, Јаневска потврди дека статусот на просветните работници за ДПМНЕ не е важен. Потврди дека примањата и платите на образовните работници нема да се покачуваат како што тоа беше во времето на СДСМ. Ако биде се добро со растот на економијата, тие може да се надеваат на покачување дури во март. Ова се политиките кои го уништија образованието и го срозја достоинството на наставниците, а сега ДПМНЕ ги враќа на голема врата.

потврда за тоа дека ДПМНЕ нема намера да го унапредува образованието, е ребалансот на буџетот кој јасно ги истакнува приоритетите на Владата, односно јасно потврдува дека образованието не е приоритет.

Се кратат средства во програмата за инвестиции во образованието, како и во програмите за проекти во основно и средно образование. Ова значи дека ДПМНЕ крати од програмите кои значат подобра ифраструктура, од проекти за поддршка за ранливите групи на дечиња и крати од програми кои обезбедуваат професионален развој и напредување во кариерата на наставниците. Во пракса, ова ќе донесе целосен застој во развојот на образованието.

Ако ја погледнеме програмата на Владата предводена од ДПМНЕ во делот за образованието, ќе видиме дека таа се обврзала на: Раст на платите на наставниците како и сеопфатно подобрување на образовната инфраструктура. Очигледно е дека од тоа нема да има ништо. Уште една голема предизборна лага на ДПМНЕ.

Почитувани граѓани, наставници, родители

Пред вас е очигледната разлика во приоритетите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ во услови на огромни кризи платите на наставниците ги покачи за над 55%, а за прв пат минатата година земаа и регрес за годишен одмор.

  • Ги покачивме студентските стипендии  на 6050 денари кои претходно се исплаќаа во износи од 3.300, 4.000 и 4.400 денари.
  • На 3.500 денари се зголемија ученичките стипендии.
  • За првпат воведовме стипендии за докторанди во износ од 18.000 денари.
  • Ги вративме укинатите стипендии за постдипломци.
  • Се воведе мерката субвенција на студентски оброк

Сите важни политики за образованието и младите ги креиравме заедно со засегнатите страни кои низ дијалог беа вклучени во подготвувањето на анализите и плановите. Сега министерката води јавната расправа во онлајн верзија. Тоа значи дека таа избегнува да се сретне со наставниците, учениците, студентите и воопшто јавноста.

СДСМ ќе остане посветена на образованието. Како конструктивна опозиција им порачуваме на сите вработени во образованието дека ќе бидеме нивни партнери во заштита на  нивните права и силно ќе се спротиставиме на политиките на оваа Владата која свесно сака да го маргинализира овој важен сектор.

Можете да прочитате

Женс со туѓа картичка од банкомати подигнала 200 илјади денари – заработи кривична пријава

Приведени три лица во скопско поради предизвикување пожар

Скопјани тргнале да предизвикаат пожар, фатени на дело