Утрински Весник
Македонија

Николова: Мицкоски без грам совест и одговорност потроши 20.000 евра на повратни билети за САД

Daniela Nikolova Pres.jpg

Интегрален текст од соопштение на СДСМ:

Предложениот ребаланс на буџетот не ветува дека владата ќе води грижа за потребите на граѓаните иако тоа го најавувше во секоја втора реченица во кампањата, само пред некој месец. Впечаток, што веднаш ќе го добиете ако се разгледа буџетот е дека владата е во тотален хаос и не знае што прави, истакна пратеничката на СДСМ Даниела Николова, денеска во обраќање во рамките на собраниската комисија за финансирање и буџет.

Николова посочи дека јавниот долг се проектира да надмине 68% од БДП, до крајот на годината, што е зголемување за 10 процентни поени од нивото првиот квартал, буџетскиот дефицит е покачен за цели 36%, на 4,9% од БДП, а некои предвидуваат дека ќе достигне 6% .

Висината на јавниот долг е во спротивност со маастрихшките декалрации, со што ќе се наруши кредитниот и финансискиот рејтинг и тоа е причина за земање заеми надвор од институциите и законите, договори во четири очи и спас ќе се бара во некој кинески кредит, истакна Николова, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ не се грижи за работниците, нема да има пораст на минималната плата, ни покачување на платите на работниците, во ниту еден сектор, а не го земаат предвид барањето на синдикатите за минимална плата од 450 евра.

Во времето на СДСМ се покачени платите на 37.000 вработени во образованието, 12.000 во МВР, 3.500 во култруата, за кои министерката за финансии веднаш рече дека се незаслужени, 2.600 вработеи во судството,  20.000 во здравството,  4.000 во високото образование, 92.000 лица добиваа и плати и покачувања, дали беше доволно, не, но политиката на зголемување на плати постојано се одржуваше, истакна Николова.

Николова нагласи дека иако ВМРО-ДПМНЕ ветуваа домаќинско работење, веднаш покажаа колку им е важен луксузот кога тие се во прашање.

Мицкоски без грам совест и одговорност, заедно со министрите Владо Мисајловски, Тимчо Муцунски и Панче Тошковски да потрошат 20.000 евра на повратни билети за САД, Мицкоски го болеле колениците, не слушнав што ги болело Мисајловски, Муцунски и Тошковски, малку сум загрижена да не е нешто посериозно бидејќи нивните билети се и покаспи, нагласи Николова.

Таа додаде дека од струга страна за заштита на наслението од СИДА се кратат средствата и тоа за над 80%, иако тука не станува збор за болки во коленици, туку за нешто што се нарекува живот но секако на власта тоа не и важно.

За жал пред нас е периодот во кој секој ден ќе се потврдува како со лаги и манипулации ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, како, така и ќе владее, а на тоа додадена вредност ќе биде и заплашувањето, порача пратеничката на СДСМ Даниела Николова.

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор