Утрински Весник
Македонија

Николова: Кога жените напаѓаат жени – најголемиот пораз за сите нас

450992959 7867932586661515 5642599643842531254 N.jpg

За овие теми сум многу директна, јасна и прецизна, таква ќе бидам и сега вели Ксенија Николова во својот фејсбук статус.

Ќе започнам од очигледното – во ниедна состојба, под никакви околности, човек не смее да си дозволи да упати навреда на друг човек врз основа на неговата семејна ситуација или било што поврзано со неговата приватност. Никој нема право да му го категоризира дозволеното од недозволеното врз база на личниот живот. Ова особено важи за луѓе кои се огледало на нашето општество – оние кои јавноста ги избрала и им доделила доверба.


Второ, семејството не го прават само децата. Семејство се и маж и жена, две сестри, двајца браќа – семејството нема квота, ниту урнек. Таа лекција изгледа сте ја скокнале, па еве да ја повториме. Да нападнете некого затоа што нема деца и да тврдите дека поради тоа нема право да зборува од аспект на семејство не само што е крајно навредливо, туку е и – да бидеме искрени – крајно глупаво. 2025 година сме, вратете се во реалноста и напуштете ги стереотипите. Потсетете се на основите на продуктивната дебата – ниските удари одамна не се дел од неа.

Трето, ако вакви дискусии се водат во домот на демократијата, домот на одлуките и најважните предлози, каде ни е крајот? Како можеме да очекуваме општествена промена ако вакви коментари се нормализираат токму таму каде што треба да извираат етиката, правдата и учтивоста?

И последно – најголемата срамота е што ваквата аргументација доаѓа од жена. Како основач на женска организација, ова ме погодува двапати повеќе. Се бориме против бариерите што го спречуваат женското напредување, а најмногу боли кога тие бариери ги создаваат самите жени. Ако ние не знаеме да си пружиме поддршка, кој ќе знае? Ова е пораз за сите нас.

Ова не е првпат, било и ќе биде во разни форми. Ова нема врска со тоа кој управува со кормилото – ова сме ние, дами и господа. Затоа, нема место за политички поени – ова е општествен проблем кој сите нè засега.

Време е за јавно извинување. Бидете подобри од своите грешки.

Можете да прочитате

Мицкоски: Посветени сме на градење цврсто партнерство со Турција

Мицкоски од Турција: Советот за соработка на високо ниво е значаен чекор за односите меѓу двете држави чија цел е продлабочување и интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес

Средба на Муцунски со МНР на Турција, Хакан Фидан