Утрински Весник
Македонија

Николов: Наместо нова и модерна позитивна листа, од министерството за здравство по десетти пат најавуваат формирање нова Комисија

Николов: Наместо нова и модерна позитивна листа, од министерството за здравство по десетти пат најавуваат формирање нова Комисија

Наместо нова и модерна позитивна листа на лекови деновиве четвртиот министер за здравство во Владата на СДСМ и ДУИ триумфално објави дека има датум за нова Комисија за позитивна листа, рече на денешната прес конференција Игор Николов, претседател на Комисија за здравство на  ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

– Едно е јасно, за 7 години, оваа Влада целосно изгуби допир со реалноста. Наместо да ја замајуваат јавноста, надлежните треба да се фатат за работа и да го почитуваат начелото на транспарентност за кое што очигледно не се многу заинтересирани. Во меѓувреме, целосно ги заборавија ветувањата кои ги дадоа, а се однесуваат на лековите, и тоа, редовно ажурирање на нова позитивна листа, лек во секое време за секој пациент, редовна набавка на квалитетни лекови за 44 000 инсулинско-зависни пациенти. Устите им се полни со ЕУ и европски вредности, но на дело нема ништо, додаде тој поставувајќи низа прашања до Владата.

 

Можете да прочитате

Пожар вечерва пред поликлиника во Аеродром

Локализиран пожарот на депонијата „Алинци“, се подготвуваат долгорочни решенија и засилен надзор

Директор фатен со мито од 50.000 евра – вечерва приведен во акција на МВР