Утрински Весник
Македонија

Николоски: Засилено работиме на реконструкција на обиколицата Крива Паланка (ВИДЕО)

Obikolnica kpalanka.jpg

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео од реконструкцијата на обиколницата во Крива Паланка.

„Рехабилитација на обиколницата Крива Паланка која води до соседна Бугарија. Многу значаен проект на Коридор 8 кој е продолжение на експресниот пат Страцин – Крива Паланка и патна врска со граничниот премин Деве Баир кој е главна врска со Бугарија.


Обиколница на Крива Паланка е проект со кој го поттикнуваме регионалниот развој и соработка, во истовреме обезбедуваме побрз транспорт и безбеден сообраќај” напиша вицепремиерот Николоски

Можете да прочитате

31,2% од децата во Македонија имаат зголемена телесна тежина

Стојанче Јовановски сопругот насилник – имал две пресуди за насилство и три постапки за развод 

Во март ќе има линеарно зголемување на пензиите