Утрински Весник
Македонија

Николоски во работна посета на Обединетото Кралство

Nikolovski E1741677923512.webp.webp
Dik 300x250 mk

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, од вчера е во дводневна работна посета на Обединетото Кралство, каде ќе оствари работнa средбa со Герет Томас, министер за бизниси, извоз и услуги, средба со министерот за Европа, Стефан Доти, како и со Дејм Карен, специјален пратеник на премиерот на Велика Британија за Западен Балкан. Исто така предвидени се средби и со претставници од бизнис заедницата во Лондон.

Како што се наведува во соопштението од Министерството за транспорт, тема на работните средби е зацврстување на стратешката соработка меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство.


Предвидено е на средбите да се разговара за економската и трговска соработка со посебен фокус на инвестиции во инфраструктурниот сектор.

Покрај економските теми, ќе се потврдат и добрите политички односи меѓу двете земји.

Обединетото Кралство е стратешки партнер на Република Македонија во НАТО Алијансата и земја на второ место со која остваруваме најголем обем на трговска размена.

Можете да прочитате

ДИК: Во прв круг избрани градоначалници во 43 општини, втор круг ќе има во 33 општини, во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа ќе се повтори изборниот процес

Следува продор на топол воздух од југозапад и променливо време

Вајц: Прашања поврзани со идентитетот го блокираат македонскиот напредок на европскиот пат