Утрински Весник
Македонија

Николоски: Ударите на Венко Филипче кон Велика Британија значат удар на темелите на Македонија 

Nikolovski.webp.webp

Времето ја демантираше опозицијата, мигрантите не се тема на разговор со Велика Британија и тоа нема да се случи, а СДСМ и Венко Филипче удирајќи по нашите државни партнери ги рушат темелите на Македонија, истакна во вечерашното гостување во “Тема на денот”, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

-Првата средба помеѓу премиерот Мицоски и британскиот премиер Стармер се случи во мај минатата година, сега сме јануари 2026, “М” од мигранти нема, но, има една многу сериозна работа тука. Без разлика кој колку сака да си ја задржи фотелјата во политичката партија и колку одредена политичка партија е слаба во одреден момент, не смее да се удира во темелите на државноста. Ние во моментов имаме три сериозни партнери, тоа се: САД, Велика Британија и Европската Унија. Удирањето по било кој од овие партнери, ги удира темелите на Македонија, а имавме скоро удар по првиот и по вторниот партнер. Интелектуалци блиски на СДСМ, сериозно удираа по претседателот Трамп и САД, а лично претседателот на СДСМ, Венко Филипче, удри по Велика Британија, посочи Николоски.

Тој упати директно прашање до СДСМ и Филипче да кажат која е нивната алтернатива, ако за партнери на државата не ги сметаат Велика Британија, САД и ЕУ.

-Дали за него алтернативата е Северна Кореја, или Русија, Кина, или нешто друго? Треба да знаеме каде е тој, ако проблем се Велика Британија и САД, затоа што овој начин на однесување ги руши позициите на Македонија, затоа што на крајот на денот тие нас не гледаат како една држава, а не како претставници на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, рече потпретседателот на Владата, Александар Николоски.

Можете да прочитате

Николоски: Бенефитите со влезот на третиот мобилен оператор се повеќе избор и пониски цени за граѓаните

Димоски: Предупредувања игнорирани, трагедија се случи загина Кристијан Љушев

Ахмети утре ќе оди на лидерската средба кај Мицкоски