Утрински Весник
Македонија

Николоски: Советот на Европа да препорача на ЕУ промената на уставот по бугарски диктат да не биде услов за почеток на преговори

Николоски: Советот на Европа да препорача на ЕУ промената на уставот по бугарски диктат да не биде услов за почеток на преговори

Го повикувам Советот на Европа во овој извештај да предложи отворање на пристапните преговори за Македонија без понатамошни одложувања и дополнителни барања. Советот на Европа треба да побара од ЕУ да ги почитува своите Копенхашки критериуми. Промената на Уставот на независна држава не треба да е услов за пристапни преговори, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во неговото обраќање од Совет на Европа од Стразбур.

dobivaj vesti na viber

Тој додава Советот на Европа треба да побара од Бугарија да престане да врши притисок за уставни измени во Македонија и да дозволи пристапни преговори. ЕУ треба да ги искористи своите механизми за да го наложи ова.

– Во извештајот е напишано дека Советот на Европа го поздравува отворањето на пристапните преговори со Македонија на 19 јули 2022. Тоа не е точно! Македонија не ги отвори пристапните преговори туку само беше притисната да го промени Уставот според бугарски диктат и услови. Без промена на Уставот нема пристапни преговори. Сите ќе се согласите дека ова е брутална интервенција на суверенитетот и независноста на државата. Не постои ваков втор пример на ниту една друга земја кандидат за ЕУ која се соочила со вакви предуслови, ова не е европска вредност, рече Николоски.

Николоски истакна дека Бугарија го користи истиот провокативен дискурс како и Владимир Путин.

– Путин вели дека нема украинска нација и јазик, тие се Руси, бугарските политичари велат дека нема македонска нација и јазик, тие се Бугари и ако Македонија сака да напредува кон ЕУ мора да го прифати ова, изјави Николоски.

Николоски посочи дека поради ова го повикува Советот на Европа да препорача на ЕУ промената на уставот по бугарски диктат да не биде услов за почеток на преговори за членство.

Можете да прочитате

Клековски: За само една година два пати ја проширивме позитивната листа на лекови, тоа значи реална заштеда на граѓаните

Мицкоски: Граѓаните го препознаваат новиот пристап на работење, дека не ветуваме чуда, туку градиме систем базиран на правда, отчетност и еднаквос

Николовски: Приходите од царина зголемени за 15,2 проценти, од акциза за 7,1, а од данокот на моторни возила за 17 отсто