Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Николоски: Со Светската банка лоциравме над 14 милиони евра за локални улици, следат дополнителни 2,5 милиони евра

Nikoloski 1 1 1.jpg
Img 7972

Во соработка со Светската банка, алоциравме над 14 милиони евра за локални улици, што одеа во три повици, а во моментов, имаме четврти активен повик од дополнителни два и пол милиони евра, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски кој заедно со кандидатката за градоначалник на Неготино од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Нацева извршија увид во градежните работи во неготинското село Тремник.

-Ова е една серија проекти за изградба и реконструкција на локални улици што ја правиме насекаде низ државата. Вкупно во соработка со Светската банка, лоциравме некаде над 14 милиони евра за локални улици, што одеа во три повици, а во моментов, имаме четврти активен повик од дополнителни два и пол милиони евра, што значи дека вкупно некаде околу 16,5 милиони евра инвестираме во локални улици и во реконструкција и во изградба. Овој повик заврши успешно и драго ми е што жителите на село Тремник, не само што ќе добијат нови улици, туку тоа ќе биде од врвни изведувачи и од врвен надзор. Тука изведувач е градежната компанија „Гранит“, а надзор е светски познатата компанија „Ептиса“. Заедно со Светската банка, овие три елементи даваат една сигурност дека проектот ќе биде успешно завршен, подвлече Николоски.


Тој рече дека Нацева како секретар на Општина Неготино, работела на подготовката на овој проект.

-Го аплицираше во Министерството за транспорт. Министерството за транспорт во Светска банка и успеавме да ги добиеме средствата. А, сега како градоначалник ќе има чест и да ја пресече овде лентата некаде за месец до месец и половина, кога ќе се заврши овој пат. Ќе продолжиме на овој начин да ги поддржуваме и останатите општини, а секако и Општина Неготино, истакна Николоски.

Тој рече дека станува збор за улици во должина од вкупно 930 метри само во населеното место Тремник, а вкупната сума што ќе се потроши е околу девет милиони денари.

-Средства што Општината сама не би можела да си ги дозволи, подвлече Николоски.

Нацева рече дека Општина Неготино е пример како во соработка со централната власт може да се напредува, да се работат проекти.

-Не е само овој проект што Општина Неготино го има во соработка со Министерство за транспорт, подвлече таа.

Можете да прочитате

Милевски: Виница заслужува ред и напредок,  да не ја препуштиме повторно на локалните шерифи

На ГП „Блато“ за девет месеци историски рекордна бројка – над милион патници или 74 отсто повеќе од истиот период лани

Адвокатската комора реагира на дописот од државниот јавен обвинител Коцевски за предметот „Пулс“