Утрински Весник
Македонија

Николоски: Се надевам во новиот бран на оптимизам за проширување дека неколку поголеми и помоќни земји на ЕУ ќе се согласат и ќе извршат притисок врз Бугарија да не нè блокира

Nikoloski 27.11.25.jpg

Во вечерашната емисија „Само интервју“ на Канал 5 телевизија гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој истакна дека партијата останува на ставот дека нема да прифати уставни измени под бугарски диктат, потенцирајќи дека Бугарија не ги применува пресудите од Стразбур и дека Македонија очекува нивна имплементација и признавање на македонско малцинство.

„Ние сме кажале, а тоа е дека не прифаќаме уставни измени под бугарски диктат и јасно сме кажале кои се нашите очекувања, дали се тие поврзани со историскиот и политички континуитет на македонскиот народ, дали н се поврзани со засебноста на македонскиот јазик, многу јасно сме ги кажале работите дека Бугарија не ги применува пресудите на Европскиот суд за човекови права од Стразбур, дека бараме да ги примени, јасно сме кажале дека бараме да признае македонско малцинство кое што би бил дел од Советот на национални малцинства којшто го има Бугарија, јасни се нашите позиции“, вели Николоски.

Според Николоски во Европската унија постои нов бран на оптимизам за проширување, а неколку поголеми земји-членки се подготвени да го поддржат процесот.

„Се надевам дека нели сега има нов бран на оптимизам којшто се шири во однос на проширувањето дека неколку поголеми и помоќни земји на ЕУ, ќе се согласат на проширување, и ако се согласат на проширување ќе извршат притисок врз Бугарија да не не блокира“, рече Николоски.

Николоски истакна дека е единствениот министер од оваа Влада кој што потпишал меѓудржавен договор со Бугарија, како што е договорот за изградба на заеднички тунел, потенцирајќи дека се очекува со почетокот на градежната сезона тој да биде воведен во работа.

„Се обидуваме да ја забрзаме втората фаза, иако за жал тоа е наследено од претходната влада многу лош изведувач, се обидуваме да ја забрзаме, очекувам на почетокот на следната недела да излезе првиот од трите документи тоа е информацијата за спроведување на тендер затоа што одиме по правила на Европската инвестициска банка, после тоа ќе излезе претквалификација, па квалификација за надзор и најдоцна јануари дека ќе излезе и тендер за изведувач. Се надевам дека со почетокот на новата градежна сезона ќе може да биде воведен во работа“, истакна Николоски.

Можете да прочитате

Николоски: Кога бевме опозиција отворив толку корупциски случаи, не може ова правосудство да не може да процесуира ништо

Битиќи: Власта ја ограничува мобилноста на граѓаните со високи трошоци за зелен картон

Битиќи: За 30% поскапе и возачката дозвола, трошоците за живот го притискаат семејниот буџет на граѓаните