Утрински Весник
Скопје

Николоски: После три децении се гради водовод во Љубанци и Љуботен 

1000055833.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски беа во работна посета на општина Бутел, каде извршија увид во градежните работи за изградба на водовод за селата Љубанци и Љуботен.

Проектот се реализира после три децениското барање на жителите на овие населени места да добијат чиста вода за пиење.

Проектот е финансиран од буџетот на Министерството за транспорт во вредност од 106 милиони данари.

Проектот се реализира со цел да  се обзбедат поквалитетни услови за живот за сите граѓани во општина Бутел. 

За таа цел предвидено е да се изгради нова пумпна станица на локацијата на постојниот резервоар за висока зона како и да се изградат нови резервоари за двете населени места.

Со реализција на проектот се гради пумпна станица во Радишани,  цевковод од пумпната станица Љуботен до резервоар Љуботен и цевковод од пумпна станица Љуботен до резервоар Љубанци.

Можете да прочитате

Нула смртност на скопските улици

Левица-Аеродром: Зимзоленд сеуште работи – 24info.mk

Скопје на второ место во Европа по загаденост на воздухот