Утрински Весник
Македонија

Николоски: Падна пропагандата на Софија, се откажаа од изградба на пругата и поврзување на коридор 8

Nikoloski 1.jpg

Бугарија за жал испрати јасна политичка порака за непосветеност околу изградбата на пругата и поврзување на коридор 8. Конечно во вода им падна пропагандата која седум месеци ја водеа против мене и против премиерот Мицкоски. Но ние не се откажуваме од изгардбата на пругата, дали со оваа влада или некоја идна бугарска влада ќе преговараме и ќе се стремиме да ја изгардиме пругата и да ги поврземе Скопје и Софија, бидејќи ова е многу значаен коридор за регионот и за НАТО,изјави вицепремиерот и министер за транспoрт Александар Николоски кој денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоупорава Златко Пeрински, извршијa увид во реконструцкија на локални улици во општина Ѓорче Петров.

Во продложение интегралната изјава на вицепремиерот Николоски:


” Ние остануваме силно посветени на железничкиот коридор 8 . Во овој момент активно се работи на втората секција во должина од 34 километри која оди од Бељаковце до Крива Паланка. Во месец јануари ја пуштивме во функција првата секција од Куманово до Бељаковце и остануваме посветени на дијалог со Бугарија со цел изнаоѓање на заедничко прифатливо техничко решение во однос на тунел кој што треба да ги спојува двете држави и изградбата на третата секција затоа што сметаме дека Коридор 8 е исклучително значаен не само за Македонија туку за целиот регион и за цела Европа. Тоа е НАТО коридор, тој е втор најзначен коридор значаен за НАТО и нашата посветеност останува.

Со жалење ја примаме информацијата која што вчера пристигна, а која е официјален документ усвоен од бугарската влада, со кој Бугарија одлучи да ги тргне средствата кои претходно беа предвидени за реконструкција на делот од Софија до Ѓуешево, имајќи предвид дека пруга има но таа е во очјана состојба и не може да се користи и не треба само да се изгради тунелот и спојка со Ѓуешево, туку многу поважно е да се напрви реконструкција од Ѓуешево до Софија со цел Скопје и Софија да се поврзат.

Имајќи превид дека донесоа одлука средствата за изградба од Софија до Перник и до Радомир да ги пренасочат за изградба за пруга од Софија до Бургас, мислам дека јасно испраќаат политичка порака во однос на нивната посветеност односно непосветеност за изградбата на железничкиот коридор 8 и исто така паѓа во вода целата пропаганда која беше водена во изминативе седум месеци против пртеседателот на Владата, првенствено против премиерот Мицкоски и против мене дека имаме нешто проитв Бугарија, дека не сакаме да се поврзуваме, дека имаме некаква оска Атина Белград и слични глупости кои беа дел од пропагандата. Но, на крај вистината излезе а тоа е дека било залажување и пред јавноста и пред европските институции, а намерите биле сосема различни.

Јас сакам да Ве инфомрирам дека утрово испратив писма до Европската делегација, до Европската Транспортна Заедница, но исто така и до двете банки ЕИБ и ЕБРД имајќи предвид дека Македонија има потпишано договори за кредит за коридор 8 во висниа од 350 милиони евра и за истите доколку не се користат треба да плаќа резервации, а во овој случај не би се користеле не поради наша вина, туку по вина на соседната држава и мора да го заштитиме и финансискиот интерес на државата.

Ние се надеваме дека дијалотогот ке продолжи, последниот обид го направивме на 7 март кога јас испратив писмо преку МНР до бугарската влада до бугарското министерство за транспорт и до сите одговорни. Од наша страна е формирана работна група на највискоот можно ниво, покрај мене министерот за надворешни работи и трговија, министерката за финансии и директорот на Железница Инфраструктура . Очекуваме иста посветеност и од страна на Република Бугарија со цел да можеме да ја изградиме и да ги поврземе Софија и Скопје и на крај одлуката да е на двете страни. Но влади се менуваат, посветеноста останува, јас се надевам дека со оваа или следна бугарска влада ќе успееме да го изградиме коридор 8 затоа што тој е клучна артерија не само за Македонија туку за целиот регион”-изјави вицепремиерот Николоски.

Можете да прочитате

Се излеа јаловина во Крива Река (ВИДЕО)

ИЈЗ: Водата во Охридското езеро во јули и декември лани се класифицира како „незадоволителна”

ЈП „Чистота и Зеленило“ Куманово утре ќе го расчистува патот кон депонијата Краста