Утрински Весник
Македонија

Николоски: Оваа година Македонија ќе биде број еден со економски раст во регионот

20250123092842 Big 730x400 6.webp.webp

Македонија во 2025 година ќе биде број еден со економски раст во регионот, тоа  се должи на добрите економски политики што ги води Владата, а тие се во корелација со политиките што ги преземаме за сузбивање на корупцијата и криминалот, истакна вицепремиерот и мнистер за транспорт Александар Николоски во синоќешното гостување на ТВ Алфа.  

Тој додаде едка македонската дијаспора има големо влијание врз домашната економија, истакнувајќи дека сите заинтересирани се добродојдени да инвестираат со цел да и помогнат на државата.  


“Како потпретседател на Владата, ги знам економските текови и ние со ова производство и овие даноци кои што ги имаме дома, не можеме да направиме некој квантен скок во развојот и не можеме да направиме некои гигантски чекори, затоа што немаме доволно финансии. Единствениот начин да ги обезбедиме тие финансии е да соработуваме со големи групации, да имаме со нив добри односи и на тој начин да ја градиме соработката, затоа што голем прилив на свеж капитал ние не можеме да генерираме од домашното стопанство. Но, прилив на свеж капитал ќе значи заживување на домашното стопанство”, истакна Николоски.

Врз растот на економијата, потенцираше вицепремиерот, огромно влијание има и борбата против корупцијата, процес кој веќе успешно се спроведува со смена на власта, додаде тој.  

“Ова е прва Влада која што еве седум месеци нема ниту една корупциска афера, што не е мала работа, а имуноста на корупција ќе ги носи добрите економски резултати, затоа што бизнисот сака средина која што не е корумпирана, а во таа насока тоа треба да биде следено со активност на судството и обвинителството, каде што претходните корумпирани ќе одговараат. Се надевам ќе бидат многу поактивни од тоа што се сега”, истакна Николоски кој порача дека одговорност мора да има и не смее повеќе да има неказнивост во Македонија.

Можете да прочитате

Повредените од верижниот судир кај Смилковско езеро се во стабилна состојба

Намалена видливост поради магла во Штип и на патот Велес-Катланово

Ахмети: Ако тие што зборуваат албански треба да одат во Албанија, а другите во Бугарија на кого ќе ја оставиме оваа земја