Утрински Весник
Македонија

Николоски од Будимпешта: Одличната соработка со Унгарија и носи економски и политички напредок на Македонија. Унгарија ја потврди поддршката за справување со пожарите

Img C4a70d0492747f314ccdcc786ff4dce5 V.jpg

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска претстојува во работна посета на Будимпешта, Унгарија, каде оствари работна средба со Балаш Орбан, политички директор на шефот на Владата на Унгарија.

На средбата беа потврдени одличните политички и економски односи меѓу двете земји, а посебен акцент беше ставен на финансиската поддршка од 500 милиони евра што Унгарија ја овозможи на Македонија за поддршка на домашната економија.

Заменик претседателот Николоски изрази огромна благодарност до унгарскиот колега Орбан и ја потенцира подготвеноста на Владата за обезбедување на забрзан економски развој и унапредување на владеењето на правото и борбата против корупцијата.

На средбата се потврди подоготвеноста на Унгарија за обезбедување на потребните ресурси за справување со пожарите во нашата земја преку последната одлука на унгарската влада да испрати противпожарни возила.

Заменик претседателот Николоски на средбата ја истакна цврстата заложба на Владата за спроведување на потребните реформи и беше истакната важноста на евроинтегративниот процес за одржување на стабилноста на регионот. Политичките односи помеѓу двете земји се на високо ниво, истакна заменик претседателот Николоски, нагласувајќи ја важноста од поддршката што ја овозможува Унгарија за Македонија во насока на забрзување на евроинтегративниот процес.

Покрај разменета на мислења во врска со билатералната соработка меѓу двете земји, заменик претседателот Николоски ги претстави и приоритетите на Владата во делот на условите и привлекувањето на странски инвестиции.

На средбата се отворија и прашањата за безбедноста во регионот и Европа, притоа заменик претседателот Николоски нагласи дека Македонија останува на курсот за активно учество за промоција на стабилноста и безбедноста преку одбранбените иницијативи на Европската Унија и НАТО за зајакнување на трансатлантска безбедност.

Двајата говорници се согласија дека соработката меѓу двете земји ќе продолжи на високо ниво, зголемувајќи ја преку искуствата на унгарската влада во европските процеси.

Можете да прочитате

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките

ЕСМ понуди поскапа цена на тендерот на ЕВН ХОУМ