Утрински Весник
Македонија

Николоски: Очекувам за брзо време да имаме директен лет од Саудиска Арабија до Скопје

Nikoloski.webp.webp

Следната недела започнуваме со прва реконструкција на охридскиот аеродром, прва од неговата изградба. За овие година и половина поминавме тежок процес, но успеавме да го легализираме аеродромот. Во меѓувреме работиме на Договор со Саудиска Арабија во делот на ависоообраќајот и очекувам да воспоставиме директна линија меѓу двете земји, вели во поткастот на ТВ Сител, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

” Веќе поминавме протокол за Договор со Саудиска Арабија, очекуваме во следните месец дена да го преговараме, да го потпишеме и да имaме директен лет од Саудиска Арабија до Скопје од еден од тамошните аеродорми. Следната недела почнуваме со реконструкција на аеродродмот во Охрид, прва реконструкција од тој тип од неговото градење. Инаку до скоро беше нелегален објект, го имавме пред нас но на хартија го немаше. Успеваме да го легализираме, што е срамно за државата да еден  од двата аеродроми да го немаш на хартија. Тоа беше тежок процес затоа што треба да впишете цела инфраструктура. Но тоа е завршено и следно е реконструкцијата што ќе донесе повеќе летови  и патници и очекувам туристичкиот дел да се насочи таму, а бизнис делот да доаѓа во Скопје” истакна вицепремиерот Николоски.


Тој вели дека за овие година и половина значително се развива ависообраќајот и го потенцира фактот што до сега се воспоставија 23 нови дестинации од домашните аеродроми што за Македoнија е огромно достигнување.

Можете да прочитате

Припадник на САЕ „Тигар“ најдобар во велеслалом на меѓународен полициски натпревар

Денеска во ЕП ќе биде презентиран Извештајот за Македонија

ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?