Утрински Весник
Македонија

Николоски: Македонија ќе добие најдолга рочност за враќање на парите од британскиот заем

Nikoloski 1.jpg

Во Штип ќе се заврши изградбата на Клиничката болница, ќе се гради нов Медицински факултет и студентски дом, истакна во вечерашното гостување во “Топ Тема” вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, зборувајќи за намената на парите од британскиот заем.

“ На овие проекти додаваме целосна реконструкција на Клиничката болница во Тетово, како и изградба на целосно нова болница во Кичево, заедно со целосно нов Здравствен дом. За сите проекти се добива сума од некаде 190 милиони евра, за сите заедно.


Во однос на условите за заемот тој додаде:

“Дефинитивно ќе добиеме рок на отплата над 15 години и многу поатрактивно од она што како услов го има Србија на пример. Србија сега гради автопат Белград-Сараево со каматна стапка 3,5%. Ние ќе имаме доста пониска – истакна Николоски.

Можете да прочитате

До недела многу топло и нестабилно, со услови за локално невреме

Затемнети стакла и флешери на удар – 107 казнети возачи

Гази Баба рекордер по дивоградби – Чаир не е во врвот, тврди Реџепи