Утрински Весник
Македонија

Николоски: Компанијата Костал е прва која се согласи да плаќа корпоративен данок од 15 % – Парите од данокот остануваат во Македонија

Photo 2025 02 19 12 25 33 2.jpg

Ова законско решение ќе значи дека сите пари ќе останат во Македонија, ќе значи нови работни места, зголемен девизен прилив и економски раст, додаде вицепремиерот Николоски.

Сакам да се заблагодарам за општествената одговорност што ја има компнијата. Во понеделникот на Комисиjaта за економски систем и тековна економска политика што ја предводам во рамки на Владата, можам слободно да ги пофалам, Костал е првата компанија која се согласи глобалниот корпоративен данок да го плаќа тука во Македонија. Тоа се дополнителни средства во македонскиот буџет и очекувам во годините што доаѓаат да се равива соработката и да се отвораат нови работни места, да се зголемува извозот, да се зголемува девизниот прилив и да расте економијата. Владата е партнер на компаниите, изјави вицепремиерот Николоски.


Тој денеска присуствуваше на глобалниот состанок на добавувачи и логистика во рамки на Групацијата Костал, каде што истакна дека ова е одлична можност за вклучување на домашните мали и средни компании.

Mислaм дека овој состанок е голема шанса за многу македонски мали и средни компании кои што можат да се вклучат во ланецот на снабдување на Групацијата Костел, што значи отворање на дополнителни работни места, стимулирање на семејните бизниси, стимулирање на малите и средни бизниси и тоа може да значи потенцијално уште поголем економски развој. Ние заедно со тимот на Костал разговараме и за проширување на инвестициите, што беше спомнато и од раководството. Тука сме да помогнеме со сето она што може да го направиме, додаде вицепремиерот Николоски.

Можете да прочитате

СДСМ: Комедија е тоа што ВМРО-ДПМНЕ нас не обвинува за скршнување од прозападниот курс

Од почетокот на месецов: Издадени 18.132 платни налози за прекршоци во сообраќајот

Мицкоски: Прво завршени преговори со ЕУ, па уставни измени