Утрински Весник
Македонија

Николоски: Изградбата на автопатите на коридор 8 и 10д оди одлично

Nikolovski E1741677923512.webp.webp

Со одлична динамика се градат автопатите на коридор 8 и 10 д, истакна вицепремиерот Александар Николоски во вчерашната емисија “360 степени”. Според него има доста работа, но очекува работите да се одвиваат согласно планираното.

Делницата Гостивар-Букојчани, популарната Стража има одлична динамика, Битола-Прилеп, исто така оди со одлична динамика. Тетово -Гостивар имаме подготвителни работи, за скоро време ќе одиме и на почеток на работите, а автопатот Требениште- Ќафасан е блокиран од страна на УНЕСКО. Ако го тргнеме Требениште-Ќафасан тогаш напредокот е одличен. Во овој момент имаме отворен фронт за работа од 68 км автопат имајќи предвид дека вкупната бројка заедно со четврата делница е 115 км и ако одземеме дека таа делница е 25 км, значи дека од вкупно 90 на 68 километри веќе се работи. Мислам дека Битола -Прилеп ќе биде прв завршен, колку и да звучи чудно, втората делница од Гостивар до Букојчани иако е најтешка ќе биде втора, а Тетово – Гостивар иако изгледа најлесен ќе се заврши на крај имајќи предид дека имаме население на двете страни од автопатот и доста внимателно одиме таму”- потенцираше вицепремиерот Николоски.  


Можете да прочитате

Расчистени девет случаи на измама со лажни сообраќајки, охриѓанец жртвите ги оштетил за 60.000 евра

Падна измамникот со лажни сообраќајни несреќи, штета од 3,6 милиони денари

Филипче: Протестите за возачките дозволи не се начин, власта треба да понуди решенија за сите граѓани