Утрински Весник
Македонија

Николоски: Инвестиравме 5 милиони евра оваа година за Велес

Foto 1 1.jpg

Велес инфраструктурно го подобривме, реконструиравме неколку улици низ градот, влезовите целосно ги реконструиравме а за следната година планираме нови проекти, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при денешната посета во Велес. 

Министерот заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, градоначалникот Марко Колев и пратениците, извршија увид во реконструираниот влез во градот, дел од регионалниот пат Р1312. 

Во продолжение интегралната изјава на министерот Николоски:

 “Во многу краток период сме повторно во Велес да промовираме убави работи, тоа е влезот во градот. Можам да кажам дека само оваа година во различни проекти, инвестираме некаде околу 5 милиони евра во Велес. Овој влез чини околу 750.000 евра, а преку проектот за локални патишта веќе се инвестирани оваа година 1.100.000 евра. Се работи за три улици, кои што се во тек на реконструкција, или се веќе реконструирани. Исто така преку одлуката на Влада за дотации до општините, во општина Велес треба да се инвестираат некаде околу 2.200.000 евра и тоа се договори кои што се веќе потпишани, а тука е секако и социјалната зграда, која што е завршена и во тек е конкурсот за распределба на социјалните станови. Така што, една навистина голема активност, за следната година најавувам уште поголеми активности, и заеднички, заедно со премиерот, заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта и градоначалникот, ќе работиме на уште повеќе проекти. Честитам 80 години слободен Велес и тие идеали на оние кои што се бореа за независна и слободна Македонија да продолжиме да ги градиме во 21 век.”

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме