Утрински Весник
Македонија

Николоски: Градежништвото и транспортот растат, крупните проекти одлично се работат

Nikolovski.webp.webp

Македонското градежништво мора да расте. Првите бројки се многу оптимистички бидејќи првото полугодие споредено со минатата година бележиме раст во градежништвото од 9 %, а растот на услуги по транспорт е 6,1 % и тоа е далеку над растот кој го има државата. Тоа покажува дека овие два сектори растат, вели вицепремиерот Николоски во интервјуто на “Топ Тема”.  

Тој истакна дека крупните капитални проекти се реализираат со одлична динамика, а фокусот во следниот период треба да се стави на малите и средни градежни фирми. Директната помош на Владата кон општините изнесува преку 500 милиони евра.


“За да потикнеме еконoмски развој таков како што сакаме, почнавме на подржување на општините. Тоа со децении се зборуваше и еве сега се подржуваат. Средствата се дел од Светска банка, дел од буџет, лани 100 милиоини евра, оваа 250 милиони евра подршка. Ако на тоа додадеме програми на неколку други министерства стигнуваме до 500 милиони евра” – вели Николоски.

Но потенцира дека Владата се соочува со проблем каде градежните фирми не можат да ја следат бројноста и динамиката на проектите што ги нуди Владата. 

“И сега се соочуваме со ситуација дека тие проекти не можат да се реализраат бидејќи изведувачите што ги добиле тие проекти не работат согласно темпото во договорот. Ние за прв пат имаме ситуација да имаме пари, а фирмиве да не ја следат амбицијата на Владата. И прифаќам објективен одговор од компаниите дека децении наназад градежниот сектор бил запоставен и дека не можат да растат повеќе од 15 до 20 % годишно. Тоа што не го прифаќам е како се нафаќаат за работа која што не можат да ја испорачаат “- вели вицепремиерот Николоски.   

Тој истакна дека континуирано се води дијалог меѓу Стопанските комори и Владата со цел да се постигне баланс и да се надмине оваа состојба.   

Можете да прочитате

Герила акција на ,,Кој е следен?” на плоштадот во Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Поранешен градоначалник одбил функција во СДСМ

СДСМ: 130 милиони евра блокирани, загрозени 3.000 бизниси и 10.000 вработувања, оставка од Трипуновски