Утрински Весник
Македонија

Николоски: Градежништвото е со двоцифрен раст

Aleksandar nikoloski 2.jpg

Градежништвото повторно со двоцифрен раст, објави вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил и додаде дека има силна динамика во изградба на капиталните проекти.

“Раст од 14,6% бележиме во време кога ги градиме капиталните проекти, автопатите, железницата, регионалните и локални патишта и голем број комунални проекти.


Двоцифрена стапка на раст од 14,6% во Градежниот сектор има во четвртиот квартал од 2025 година што само ја потврдува нашата силна заложба и посветеност во реализација на капиталните проекти.

 Особено ме радува фактот што градежништвото е во континуиран пораст и тоа во 2025 година во третиот квартал имавме 21% раст, а четвртиот квартал од бележиме 14,6% раст (и покрај зимскиот период каде поради природните услови градежните активности се намалуваат).

Македонија е меѓу земјите со најголем раст на БДП, каде градежништвото повторно има двоцифрена стапка на раст. Во четвртиот квартал БДП порасна за 3,8 % што е најдобар показател за успешните политики што ги спроведуваме.

Македонија се гради и се развива – следуваат нови инфраструктурни проекти” објави вицепремиерот Николоски.

Можете да прочитате

„Нема да нè снема“ – Осмомартовски протест во Скопје

ДЗР: Во Министерството за односи меѓу заедниците фалат 30 лап топи и илјадници евра за гориво

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не користи трагедии за добивање на политички поени