Утрински Весник
Македонија

Николоски: Ќе набавиме најмалку 5 нови електрични локомотиви 

Image 2025 11 27 172103543.png

Обезбедивме средства од Европската банка за обнова и развој со кои ќе набавиме најмалку 5 нови електрични локомотиви, модернизирање на Македонски Железници со кои ќе можеме да го опслужиме целиот карго превоз во земјава, истакна на денешната седница за пратенички прашања во Собранието, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

-Во соработка со Европската банка за обнова и развој, обезбедивме средства во висина од речиси 21 милион евра со кои треба да купиме најмалку 5 нови електрични локомотиви. Знаете дека минатата година кога беше формирана оваа Влада, имавме за жал нула активни локомотиви, а сега имаме 11, од кои што 4 се понови, а 7 постари. Со 9 локомотиви кои би биле електрични, ќе можеме целокупниот карго превоз да го опслужиме, се надевам веќе од 2028 година, затоа што рок на испорака на овие локомотиви е во 2 години, а она што го имаме најава од ЕБОР е дека март месец следната година веќе ќе можеме да го видиме повикот објавен – истакна од собраниската говорница вицепремиерот Николоски.

Вицепремиерот соопшти уште една новина, а тоа е потпишување на договор помеѓу Железници Транспорт и железници на Австрија, соработка која ќе донесе огромен финансиски бенефит за МЖ Транспорт.

-Македонски железници-транспорт и Желзници Австрија се пред потпишување на договор со кој наши локомотиви ќе се користат за карго превоз кој што треба да оди од Пиреа, Атина до Виена. Тоа го договоривме со претставниците на Владата на Австрија, а сега веќе комуницираат двајцата директори, додаде Николоски.

Можете да прочитате

Мицкоски: Како Влада правиме нешто коешто до сега никој не го направил за младите во Македонија

ЦУК: Свлечиште во тетовска Шипковица, активиран Кризниот штаб

Спасовски со критика до членовите на Владата кои не присуствуваат на седницата за пратенички прашања