Утрински Весник
Македонија

Николоски: Бенефитите со влезот на третиот мобилен оператор се повеќе избор и пониски цени за граѓаните

Nikolovski E1741677923512.webp.webp

Во „Тема на денот” на ТВ Сител гостуваше вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој зборуваше на повеќе теми од кои и за влезот на трет мобилен оператор. Тој ги образложи очекувањата од компанијата “4iG”, кога се очекува да започне со работа и кои ќе биде бенефитите за граѓаните.

“Ова е нешто што го ветивме само што беше избрана Владата некаде октомври месец по изборот на Владата го потпишавме Меморандумот за разбирање со “4iG” и драго ми е дека стигнавме до финале. Процесот можеше да заврши пред три, четири месеци но зaради локалните избори, целиот процес се одложи и еве конечно завршува, вчера беше донесена одлуката во рок од 10 дена 4iG да го плати надоместокот кон државата и после тоа да почнат да работат, секако тие си имаат свои бизнис планови на кој начин тоа ќе го реализираат”, истакна Николоски.

Тој потенцираше дека најважно е што со влезот на третиот мобилен оператор конечно ќе се сруши дуополот што постои меѓу двата мобилни оператори.

„Но, она што е најважно за мене е дека конечно ќе се сруши дуополот којшто беше создаден помеѓу двата мобилни оператори и дека конечно и граѓаните и бизнисот ќе имаат понуда ќе имаат избор, ќе има натпревар за подобри услуги и пониски цени”, рече Николоски.

Можете да прочитате

Николоски: Ударите на Венко Филипче кон Велика Британија значат удар на темелите на Македонија 

Димоски: Предупредувања игнорирани, трагедија се случи загина Кристијан Љушев

Ахмети утре ќе оди на лидерската средба кај Мицкоски