Утрински Весник
Македонија

Николоски: Авиолиниите Женева и Париз ги воведуваме за дијаспората

Nikoloski 1.jpg

Женева – Скопје беше линијата што ја бараше дијаспората и на нивно барање од оваа година стартуваме со редовни летови на релација Женева – Скопје. Втората значајна линија што ја воведуваме е од Париз од аеродрoмот Орли до Скопје. Во меѓувреме работам и на воведување и прекуокеански летови и таргет е северноамериканскиот континент, истакна вицепремиерот Николоски во гостувањето на ТВ Алфа.

Со промената на политиката на субвенционирање ги најдовме слабостите и решивме да одиме со нова политика и таа политика дава резултати бидејќи за шест месеци воведуваме 9 нови дестинации, додаде вицепремиерот Николоски.  


Од Скопје воведени се нови линии кон Барселона, Лион, Дубаи, Штуtграт и Амстердам, а од Охрид кон Базел и Истанбул, за што вицепремиерот истакна дека овој е најзначен лет за охридскиот аеродром. 

” Женева – Скопје е огромен успех. Голема македонска дијаспора живее во Швајцарија и во Франција. И ова многу ќе значи за нашата дијаспора, досега требаше да го користат приштинскиот аеродорм за да дојдат или да одат преку конектинг летови. И втириот лет е од Париз до Скопје, од аеродромот Орли кој што е само на петнаесетина километри од популарната Шанзелизе улица. Така што очекувам и многу туристи од Франција да доаѓаат во Македонија и да ја користа оваа поволност. Дополнително очекувам и други линии во наредниот период”, потенцираше вицепремиерот Николоски.  

Тој најави и дека работи и на вовдување на прекуокеaнски летови.

“Многу работам на тоа. Toa e доста покомплицирана операција. Имајќи предвид дека се потребни посебни безбедносни протоколи, но исто така да се исплатливи тие летови треба да има и повеќе патници. Но сум умерен оптимист дека Скопје може да стане третиот аеродром на Балканот од каде што ќе се лета прекуокеански. За Скопје и за Македонија ќе значи многу ако имаме и ние ваков лет, тоа ќе значи многу за развој на туризмот, бизисот и ќе значи и за имиџот на Македонија бидеќи ќе биде на мапата на прекуокеански летови. Го таргетираме Северноамериканскиот континент”, истакна вицепремиерот Николоски.

Можете да прочитате

(Најнова вест) Тешка сообраќајка по верижен судар на скопска обиколница

Следува натпросечно топло време, снегот на планините забрзано ќе се топи, а котлините ќе бидат многу поладни и со густа магла!

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ останува заглавена во криминалот