Kошаркарите на македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром забележаа нов пораз во АБА лигата откако загубија на гостински терен од Морнар. Избраниците на Драган Николиќ потклекнаа во финишот од натпреварот, а тој вели дека не се живее само од добар впечаток, туку на тимот му се потребни победи.
МЗТ Скопје грчевито се бори за опстанок во елитното регионално кошаркарско друштво.
„Се обидувам да им објаснам на кошаркарите дека на гости не се живее само од добар впечаток. Треба да ја грабнете победата. Имавме енергија, се вративме во игра, но потоа го испуштивме натпреварот во последната четвртина. Очигледно дека ни недостасуваат одредени сегменти за да дојдеме до важни победи на гости“, изјави по поразот, тренерот на МЗТ Скопје, Драган Николиќ.