Утрински Весник
Магазин

Николас Кејџ бил сигурен дека е од друга планета

Николас Кејџ бил сигурен дека е од друга планета
Dik 300x250 mk

Николас Кејџ како дете мислел дека е вонземјанин.

dobivaj vesti na viber

58-годишниот актер откри дека неговиот татко го опишувал како вонземјанин во текот на неговото детство и рана младост,  и дека бил многу изненаден кога при посета на лекарската ординација сфатил дека тој всушност има нормален скелет и човечки органи.

„Татко ми ми кажа дека чувствува како да мора да ми се претстави затоа што сум вонземјанин,“ вели Кејџ.

„Бев шокиран дента кога отидов на лекар како дете и дознав дека имам нормални органи и нормален скелет бидејќи бев сигурен дека сум од друга планета.“

Оскаровецот објасни дека секогаш се борел „да се поврзе“ со другите и на крајот бил инспириран од покојната ексцентрична поп ѕвезда Дејвид Боуви да започне кариера во шоу-бизнисот.

Во интервју за списанието „Ремп стајл“ тој изјави: „Имав потешкотии да се поврзам со другите луѓе. Кога го видов Дејвид Боуви во The Man Who Felt to Earth, сфатив дека треба да направам нешто. Така станав актер”.

Можете да прочитате

Саботата ви носи промена: Дневен хороскоп (25.10.2025)

По 12 години борба мојот син живее со мене, рече пејачката Северина на концертот во Сплит

Следната сабота е Митровденска задушница