Утрински Весник
Спорт

Никола Секулов потпиша договор со Јувентус до 2027 година

Sekulov.jpg

Фудбалерот со македоско потекло, Никола Секулов, денеска потпиша нов договор со тимот на Јувентус кој ќе има важност до јуни 2027 година. Фудбалерот кој е роден пред 22 години во италијанскиот град Пјаченца има родители од Македонија, поточно од Струмица, но пред неколку години реши да игра за италијанската репрезентација, иако настапуваше за Македонија во тимот до 17-години. Секулов ја мина младинската академија на „старата дама“, а неодамна протов Лацио за првпат доби прилика да дебитира  за првиот тим. Сезонава Секулов ја започна во Кремонезе, меѓутоа Јувентус ја прекина позајмицата и го врати во своите редови.  „Старата дама“ верува во неговите квалитети и му понуди нов договор до 2027 година, а Секулов денес стави потпис.

Можете да прочитате

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026