Утрински Весник
Македонија

Никола Карев во бронза наместо во мермер, преплатен со 45 милиони денари

Вечерва посебен сообраќаен режим пред Собранието

Случајот „Феникс” кој го обелодени Обвинителството, од пепел повторно го крена контроверзниот случај “Скопје 2014”. На површина излегоа многу небулози и криминал во неговото спроведување. Случајно или намерно птицата феникс е заштитниот знак на Општина Центар, преку која одело се, иако, првата грешка е направена со заобиколување на Законодавниот дом како надлежно кога се работи за споменици од интерес за државата.

dobivaj vesti na viber

Еден од почистите случаи прелу кој се гледа јасно дека реализацијата на проектот се одвивала на начин на кој се создава простор за нерегуларности и злоупотреба на буџетските средства. е скулптурата на Никола Карев поставена пред Собранието.

Лиењето првично требало да чини 5 милиони денари и да биде во бронза. Но, потоа некој се премислил и го сменил огласот за јавна набавка и скулптурата требало да биде во мермер и да чини 45 милиони денари. Сите 45 милиони денари биле потрошени, а споменикот како што секој може да види не е во мермер туку е во бронза. И ова е само еден пример.

Споменици никнуваа на сите страни, но никој не вршеше контрола како и кој е одговорен за ненаменското и безмилосно трошење пари од граѓаните.

Во истрагата на обвинителството „Феникс“ опфатени се 15 физички и 7 правни лица, меѓу кои еден италијански државјанин и три италијански компании. Се сомничат за злоупотреба на службена положба и овластување и перење на пари за изработка на најголемите споменици од „Скопје 2014“ – воинот на коњ, спомениците на Даме Груев, Гоце Делчев, Никола Карев, Методија Андонов – Ченто, Цар Самоил, Гемиџиите, Цар Јустинијан, прво заседание на АСНОМ и споменик за основачите на ВМРО и лавовите.

Кривичниот суд, доцна синоќа на ексградоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ му одреди куќен притвор за предметот. Одредени беа и четири ефективни притвори, од кои еден е за експретседателот на Советот на општина Центар, Владимир Здравев. Другите се за Љ.Б., А.З. и З.П.

Меѓу осомничените се и експремиерот Никола Груевски, ексминистерката Елизабета Канческа-Милевска и ексминистерот за финансии Зоран Ставревски.

Можете да прочитате

Уставниот суд го поништи Законот за данок за солидарност – државата сега е должна да врати 50 милиони евра на 156 компании

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Кузеска се фабрика за лажни вести

Кривичен суд за случајот со Фросина: Јавноста да не подлегнува на провокации и шпекулации, како и стигматизирање и линч на еден судија