Утрински Весник
Спорт

Нико Розберг ги рангираше најдобрите пет возачи во 2022 година

Нико Розберг ги рангираше најдобрите пет возачи во 2022 година

Светскиот шампион во Формула 1 од 2016 година, Нико Розберг ги избра најдобри пет возачи за сезоната 2022 година.

dobivaj vesti na viber

„Еден возач доминираше, но сезоната не беше досадна“, изјави на стартот поранешниот возач на Мерцедес.

„Промените во правилата функционираа според планираното и претекнувањето стана полесно. Рос Браун и неговите колеги завршија одлична работа. Во 2022 година имало 785 претекнувања, а во 2021 година – 599“.

Потоа Нико ги рангираше возачите:

„Првото место му припадна на Макс Верстапен. Се претстави на неверојатно ниво, беше брз, стабилен и не правеше грешки. Ред Бул не беше најбрз во квалификациите, но Макс победи на 15 од 22 трки. Без сомнение, тој ќе биде еден од најдобрите пет возачи на сите времиња, каде што сега се Сена, Хамилтон, Шумахер, Фанџо и Прост.

По нив следуваат двајца пилоти, кои ќе го пополнат подиумот за 2022 година.

„Втото место му го давам на Џорџ Расел, кој во својата прва сезона во Мерцедес беше многу стабилен зад воланот на болид кој беше тежок за возење. Тимот експериментираше со поставките, но тој успеа да се пласира во Топ 5, речиси на сите трки, па дури и да го надмине Хамилтон во генералниот пласман. Третата позиција е за Шарл Леклер, на почетокот на сезоната сериозно се бореше за титулата, но потоа неговиот тим го одведе на погрешен пат. Тој направи и некои големи грешки, кои не треба да ги прави кога се бори за титулата“.

Многумина се прашуваа каде бившиот клупски колега на Нико од Мерцедес ќе заврши во поредокот?

„Го ставив Луис Хамилтон на четвртото место. Во првата половина на 2022 година имаше и лоша среќа. Да не беше тоа, можеби ќе беше пред Џорџ во конечниот пласман. Во втората половина од годината, кога болидот на Мерцедес беше побрз, беше многу брз и имаше неверојатни трки. Ако Мерцедес има толку брз болид во 2023 година, Хамилтон ќе може да се бори за титулата“.

На петтото место е Ландо Норис од Мекларен.

„Ландо добро се снајде со Даниел Рикиардо во последните две сезони и заврши на петтото место пред Фернандо Алонсо, кој повторно имаше премногу откажувања“, заклучи Нико.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност