Утрински Весник
Спорт

Никој не знае кога Роналдо ќе заигра за Ал-Наср – тие имаат премногу странски фудбалери

Никој не знае кога Роналдо ќе заигра за Ал-Наср – тие имаат премногу странски фудбалери

Бизарниот почеток на престојот на Кристијано Роналдо во саудискиот Ал-Наср продолжува по вестите дека е можно неговото деби да биде одложено уште еднаш откако клубот има премногу странски фудбалери во својот состав, откако денешниот меч на Ал-Наср беше откажан поради силен дожд, а исто така постои сомнеж дека тој мора да отслужи суспензија од два меча за инцидентот кој го направи минатиот април на мечот со Евертон.

dobivaj vesti na viber

Денешниот меч против Ал-Таи беше откажан откако поради невереме имало проблеми на стадионот на Ал-Наср, а исто така се верува дека клубот имал намера да ја игнорира суспензијата од Англија.

Но, сега, од Саудиска Арабија доаѓаат вести дека Ал-Наср ќе има проблеми со регистрирањето на 37-годишниот Роналдо, кој е деветти странец во клубот, нешто што се коси со правилата на Судиската Про лига.

„Ал-Наср уште го немаат регистрирано бидејќи нема слободно место за странски играчи. Еден од странците ќе мора да замине, или со продажба или со раскинување на договорот“, изјавил анонимен извор од Ал-Наср за „АФП“.

Помеѓу странците во Ал-Наср има познати имиња како камерунскиот напаѓач Винсен Абубакар, ексголманот на Арсенал, Дави Оспина и поранешниот бразилски репрезентативец Луиз Густво. Тука се и Аргентинецот Пити Мартинез, Гислен Конан од Брегот на Слонова Коска, Шпанецот Алваро Гонзалез, Бразилецот Талиска и Узбекистанецот Џалолидин Машарипов, кој најверојатно ќе замине од клубот да се направи место за Роналдо.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари