Утрински Весник
Македонија

Никој не беше оставен сам да се справува со кризата, посочи Ковачевски кој го пофали ЕСМ

Никој не беше оставен сам да се справува со кризата, посочи Ковачевски кој го пофали ЕСМ

Премиерот Димитар Ковачевски презентирајќи ја работата на ЕСМ во изминатата година, посочи дека енергетската криза била претворена во можност со политиките на Владата. Тој посочи дека никој не бил оставен сам да се справува со кризата.

dobivaj vesti na viber

„Се шпекулираше дека нема да имаме домашно производство на домашна енергија, дека ќе имаме рестрикции, дека ТЕЦ Неготино нема да проработи, дека ќе имаме ценовен шок, дека Град Скопје ќе остане без топлинска енергија, низа други шпекулации и лаги – кои за среќа на граѓаните се покажаа како неточни. Нашите граѓани имаа сигурно и стабилно парно греење во текот на целата грејна сезона. Кризата ја претворивме во можност, кажа премиерот Ковачевски.

Тој се заблагодари на раководството на ЕСМ.

„Никој не беше оставен сам да се справува со кризата. Има струја, има парно. Цената на електричната енергија за домаќинставата не се зголеми. За малите потрошувачи, цената се намали за 20 отсто спротивно на сите прогнози кои доаѓаа од целиот свет. Верувам дека граѓаните знаат да го ценат она што беше направено во најтешката зима која е зад нас“, додаде Ковачевски.

Можете да прочитате

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри

Александар Димитријевиќ нов генерален секретар на СДСМ, еве кои се потпретседатели

Следната недела разговори за зголемување на минималната плата