Утрински Весник
Магазин

Ники Минаж ја тужат за наводно оштетување позајмен накит

Ники Минаж ја тужат за наводно оштетување позајмен накит

Златарницата „Роузарк“ од Западен Холивуд поведе тужба против раперката Ники Минаж за наводно оштетување позајмен накит вреден 26.000 долари.

dobivaj vesti na viber

Од златарницата тврдат дека Минаж не само што не платила за позајмените парчиња накит туку и не ги вратила навреме и ги оштетила.

Луксузната продавница за накит ќе ја донесе 40-годишната раперка од „Супер бас“ на суд, објави ТМЗ.

Пејачката родена во Тринидад – која неодамна на „Инстаграм“ сподели фотографии од својот двегодишен син – наводно позајмила парчиња накит за јавен настан преку својот стилист Брет Алан Нелсон, кој потпишал договор со продавницата.

„Роузарк“ тврди дека му испратиле на Нелсон фактури за штетата, која изнесува вкупно 26.239 долари плус камата.

Во меѓувреме, адвокатот на Минаж изјави за ТМЗ дека неговата клиентка не е одговорна и тврди дека продавницата ја користи за публицитет.

Според договорот, стилистот Нелсон требало да го врати накитот во рок од една недела и да плати за евентуална штета.

Во тужбата се наведува дека Нелсон не ги вратил 66-те парчиња до крајниот рок, а кога конечно ги вратил, две биле забележително оштетени: комплет обетки и прстен во форма на лист.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста