Утрински Весник
Свет

Ники Хејли: Кандидатурата на Трамп за претседател би била самоубиство за САД

Donald tramp.jpg
Dik 300x250 mk

Кандидатот за номинација во рамките на Републиканската партија за претседателските избори во ноември, Ники Хејли изјави дека доколку Доналд Трамп стане претседателски кандидат на Републиканската партија, тоа би било „самоубиство“ за САД.

По неколку порази во американските држави од Трамп, Хејли за Вол Стрит Журнал изјави дека е „сериозно загрижена“ за поранешниот претседател.

Укажувајќи на обвинението од 91 точка во четирите случаи со кои се соочува Трамп, Хејли рече дека „можеби тоа е негов начин да преживее да ги плати своите правни трошоци и да се извлече од правната опасност, но сето тоа изгледа како самоубиство за Соединетите држави“.

„Мораме да разбереме дека ако (во Републиканската партија) немаме некој што може да победи на општите избори, тогаш се движиме кон социјалистичката левица“, рече таа.

И покрај тоа што го критикуваше Трамп во последните недели, Хејли исто така рече дека актуелниот американски претседател Џо Бајден е поопасен од неговиот претходник Доналд Трамп.

Можете да прочитате

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно