Утрински Весник
Македонија

Ни следува стабилен, сув и сончев викенд, наутро со појава на магла

Meteoalarm.mk 9.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на стабилна  и сува воздушна маса од југ викендов времето во Македонија ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност  и со слаб ветер од променлив правец. Наутро во дел од котлините особено оние котлини во Повардарието ќе има појава на магла и на ниска облачност.


Во Скопје  и околината викендов времето ќе биде претежно сончево со слаб променлив ветер. Наутро во дел од котлината ќе има услови за појава на магла  и на ниска облачност.

Наутро и понатаму ќе биде релативно ладно со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 3 степени и на повеќето места во Македонија ќе има појава на слаб мраз. Преку денот пак температурите ќе бидат над просекот за овој период од годината  и тие ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени.

Во Скопје  и околината наутро температурата ќе се спушти до околу 0 степени а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 14  и 16 степени.

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски ја претвора Развојната банка во филијала на своите бизниси

МНР до македонските граѓани во Израел: Сокријте се на безбедно, летовите се откажани

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се заложници на криминалот, затоа молчеа на седницата за пратенички прашања а на Груби името не му го спомнаа