Утрински Весник
Македонија

Ни доаѓаат нови проблеми со врнежите, ќе врне обилно дожд и ќе премине во снег

Meteoalarm.mk 34.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на нов длабок циклонски систем со центар над Џеновскиот залив и негово проширување кон Јонското море со својата долина ќе пристигне и во Македонија  и ќе ни донесе нова голема промена на времето. 17 Февруари 2026 вторник ни носи нови обилни врнежи кои поради наглото заладување  и продорот на ладен воздух од север проследен со засилен до силен ветер од северен правец (над 70 км/час)ќе преминуваат во врнежи од снег најпрвин на повисоките населени места а попладнето и вечерта врнежи од снег ќе има  и во пониските предели особено во западните  и во северните предели од Македонија.

На планините  и на скијачките центри снежната покривка значително ќе се зголеми и за повеќе од 20 сантиметри и ќе се прошири а мала снежна покривка е можно да се формира  и во дел од градовите во западните  и во северните предели од Македонија. За време на овој нов обилен бран на врнежи ќе наврне ново големо количество на воден талог особено во западните предели и тоа над 30 литри на метар квадратен воден талог за 24 часа.

Во Скопје  и околината исто така ќе имаме пообилни врнежи од дожд а на околните планини ќе врне снег но поради заладувањето со силен северен ветер врнежи од снег ќе има  и во околните повисоки предели од Скопскиот регион.

Да напоменам дека повторно поради очекуваните обилни врнежи расте опасноста од ново излевање на реките особено во западните  и во северозападните предели од Македонија па така постои ризик од нови поплави. Токму поради ова апелирам возачите да бидат крајно внимателни и да не се движат покрај водотеците.

Што се однесува до температурата таа ќе се искачува во интервалот од 1 до 9 степени меѓутоа доцна попладне  и навечер таа дополнително ќе опаѓа. Во Скопскиот регион температурата ќе се искачи до околу 6 степени.

Можете да прочитате

Просечната возраст во Македонија 42 години, трендот на стареење продолжува

Јубилеј на ЗНМ: 80 години борба за медиумски слободи и професионални стандарди

СДСМ: Премиерот на море со авион а за работниците нема пари за 600 евра плата