Утрински Весник
Македонија

Ни Данела, ни Косана не пријавиле во полиција дека има луѓе во Германија, а земаат плата од Комуналец

Ни Данела, ни Косана не пријавиле во полиција дека има луѓе во Германија, а земаат плата од Комуналец

Ниту Град Скопје, ниту ЈП „Комунална Хигиена“ не ги пријавиле во полиција вработените за кои рекоа дека биле трајно иселени во Германија, а со години чекале „џепарлак“ од претпријатието оти биле пријавени дека доаѓаат само трета смена. Ова синоќа во ТВ гостување го потврди министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

dobivaj vesti na viber

На прашањето „дали е пристигната пријава до МВР за лица кои земале плата а не оделе на работа“, Спасовски одговори: „Вакава пријава за конкретниот случај нема пристигнато. Имаше пријава за блокадата во претпријатието и таму каде што беа исполнети условите за да се одблокира и да може да работат работниците на „Комунална хигиена“ тоа го направивиме. Мене ми е многу жал што се доведовме во состојба, денеска, во 2023 година, да разговараме дали Скопје треба да тоне во ѓубре или не.“

Вчера и од обвинителството кажаа дека нема ваква пријава. Скопското Обвинителство посочи дека пријавите од Косана Мазнева биле само за случувањата со бојкотот во претпријатието и несобирањето смет. Од таму ја повикуваа Мазнева, доколку забележала незаконитости, да ги пријави.

За една недела, директорката на Комуналец, Косана Мазнева, избрка 70-ина луѓе од работа, а минатиот викенд протестираа вработените и не го собираа ѓубрето низ главниот град. Во понеделеникот, на прес-конференција, градоначалничката се караше со новинарите, вработените во КХС ги нарече мафијаши и побара на Мазнева да и речеме „браво“, а не да ја прашуваме зошто после година од стапувањето на функцијата, дури сега постапува за овие лица. И двете тогаш рекоа дека овие лице ги пријавиле и во МВР и во обвинителство, но не сакаа да кажат кои се тие луѓе со име и презиме, оти тоа било личен податок.

Можете да прочитате

Од утре претежно облачно со врнежи од дожд и снег

Николовски: ВМРО-ДПМНЕ со партиски членови сака контрола над прислушувањето, СДСМ остро против партизацијата

Честитка од ВЛЕН по повод 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија