Утрински Весник
Свет

Нијагарините водопади замрзнаа по снежното невреме

Нијагарините водопади замрзнаа по снежното невреме

Се појавија неверојатни слики кои покажуваат замрзнати пејзажи во Бафало, Њујорк и Нијагарините водопади по зимската бура на Божиќ што го зафати регионот.

dobivaj vesti na viber

Во Бафало, каде забраната за возење останува на сила во средата, снимките од дрон покажаа домови, деловни објекти и улици покриени со снег.

Најмалку 27 лица се потврдени мртви во градот по снежното невреме за време на викендот.

„Полицијата очекува тој број да се зголеми. Нашите срца и молитви се за нивните семејства“, напиша на Твитер градоначалникот на Бафало, Бајрон Браун.

На Нијагарините водопади можеше да се видат гледишта што ги посетуваат туристите покриени со мраз.

Температурите во вторникот се задржаа на околу -20 степени Целзиусови, но се во пораст, како и другите области на североисток.

Самите водопади се поштедени од длабок замрзнување бидејќи се проценува дека секоја секунда ги преливаат околу 3.160 тони вода,пренесе Телеграф.рс.

Можете да прочитате

Папата Лав XIV ги повикува различните заедници во Либан на обединување за да ја надминат кризата

Белгиската полиција изврши претрес во ЕЕАС во рамки на истрага за злоупотреба на средства

Приведени 15 лица под сомнение за убиство од небрежност во пожарот во Хонг Конг, соопшти полицијата