Утрински Весник
Македонија

Независните со сериозна шанса да му ги поматат сметките на Мицкоски на локалните избори

Izbori.webp.webp

По укинувањето на спорните одредби од Изборниот законик, најгласните независни иницијативи, наместо да настапат како одделни листи, решија да се обединат и да се регистрираат како политичка партија.

Наместо да се расцепкани по посебни листи во различни општини, ако стане партија „Независни заедно“ може да биде гарант дека гласовите за независните листи нема да се разлеваат туку ќе се концентрираат во една конкретна листа.


Тоа, се чини не и оди во прилог на најголемата владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ.

Поддршката за новата политичка партија, според изборните анализи, најчесто доаѓа од гласачи кои бараат алтернатива на моменталната власт, од разочарани десноориентирани граѓани и од оние кои гласале за ВМРО-ДПМНЕ но се незадоволни од начинот на кој партијата владее.

Независните платформи како „Зелен хуман град“ и „Шанса за Центар“ имаат базен на поддржувачи во урбаните средини, каде ВМРО-ДПМНЕ традиционално има нешто „поплиток“ базен на гласови. Таму, независните иницијативи претставуваат директна конкуренција за нивните гласови, особено меѓу образованиот и млад електорат.

Иако во јавноста често се пласира тезата дека независните ќе земат гласови од контото на СДСМ, реалноста е сепак поинаква: ВМРО-ДПМНЕ владее со рекордна недоверба меѓу сопствените гласачи, а незадоволството од непотизмот, партизацијата и нереализираните ветувања расте. Независните кандидати, особено оние со силен локален имиџ, директно навлегуваат во тој сегмент и го кројат истиот електорален колач на кој Мицкоски смета за победа на локалните избори.

За СДСМ, пак, појавата на независни листи претставува природен дел од плурализмот, бидејќи партијата традиционално има коалициски пристап и ја цени соработката со граѓански иницијативи. Но, за ВМРО-ДПМНЕ секој изгубен глас на десницата е директен минус во трката за градоначалничките позиции.

Досегашното искуство од изборните процеси покажува дека појавата на повеќе кандидати особено независни, секогаш ја намалува предноста на ВМРО-ДПМНЕ и може на овие избори да го доведе во прашање исходот во првиот круг каде Мицкокси се надева дека може да победи во најголем дел од општините.

Истовремено, ВМРО-ДПМНЕ нема позитивно искуство во јавната полемика со независните, односно таа партија секогаш ги напаѓала независните како „платеници“, „соросоиди“, „потрчковци“ и слично.

Останува да се види дали иницијативата за создавање партија ќе успее и како таа ќе се постави на изборите, но една работа е сигурна: Мицкоски многу повеќе од кој било стравува од такви изворно граѓански листи и кандидати на локалните избори

Можете да прочитате

Вкупно 20 пожари до 19 часот!

Алиу: Онколошка амбулантска терапија наскоро ќе има во Тетово, Битола, Штип и ГОБ „8 Септември“

Вработените на Урологија се откажале од субвенции за телефони за да купат клими за болничките соби