Утрински Весник
Македонија

Независен синдикат на професионални војници бара поголеми плати за минимум 30%

Uploads Thumbs Resize 800x420 663522.jpg

Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје поднел барање до Министерството за одбрана за решавање на децениски проблем на професионалните војници, а тоа е правото на пензионирање, како и останатиот активен воен персонал, трансформирање на работниот однос на неопределено време како кај сите работници во државата и покачување на платата од минимум 30 проценти на сите професионални војници.

– Овие барања се од суштинско значење за функционирање како спремна, морална и јака Армија. Овие недорешени проблеми се само уназадување на Армијата и на нејзиниот човечки потенцијал, бидејки професионалните војници земаат и до 30 проценти помала плата од цивилниот дел од Армијата, што предизвикува огромно незадоволство покрај другите неостварени права, како што е работниот однос кој трае 25 години на определено време и решението на статусот пензионирање како што е кај професионалните војници во другите НАТО земји, соопштија денеска од Независниот синдикат на профеисонални војници.

Како што посочуваат во соопштението, време е Министерството за одбрана да обрне повеќе внимание за професионалните војници кои се столбот на одбраната и најбројна категорија работници во МО и Армијата.

– Професионалните војници ја заслужуваат почитта од државата и од тие кои секојдневно ги спомнуваат дека се гордоста на Република Македонија, подвлекуваат од Независниот синдикат на профеисонални војници.

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски запнал да ги казнува луѓето што не се во брак

Од денеска до вторник топлотен бран во Македонија, се активираат препораките за заштита на населението

Стокомак објави колкав К-15 ќе исплати годинава – Го надмина и КАМ маркет