Утрински Весник
Свет
Img 7972

Незадоволните земјоделци од Индија маршираат на Њу Делхи, полицијата употреби солзавец

2209196.jpeg
300x250 opst2

Индиските безбедносни сили во средата употребија солзавец против земјоделците за да спречат десетици илјади од нив да протестираат во Њу Делхи.

Земјоделците, патувајќи со камиони и трактори полни со храна, постелнина и други потреби, започнаа марш кон главниот град во вторникот наутро, откако пропаднаа преговорите меѓу нивните синдикати и владата за минималните цени на житото.

Демонстрантите беа запрени на преминот Шамбу кој ги дели Пенџаб и Харајана. Повеќето од демонстрантите доаѓаат од двете северни сојузни држави, лоцирани на речиси 200 километри од Делхи.

Портпаролот на полицијата во Харајана изјави дека е употребен солзавец и дека тоа ќе продолжи се додека ситуацијата „не биде ставена под контрола“.

Фотографиите на индиската новинска агенција АНИ покажуваат дека кон демонстрантите со дронови бил фрлен и солзавец.

Во исто време синдикатите нагласуваат дека „не дошле да се судрат со полицијата“.

„Или владата ќе ги прифати нашите барања или ќе ни даде демократско право да одиме во Делхи, но таа не го прави ниту едното ниту другото“, рече Сарван Синг Пандер, генерален секретар на еден од синдикатите од Пенџаб.

Владата ги повикува земјоделците да продолжат со преговорите за нивните барања, а министерот за земјоделство Арјун Мунда додаде дека ќе разговараат на „конструктивен и позитивен начин“.

Сличен протест во 2021 година го принуди премиерот Нарендра Моди да се откаже од дел од законот и да вети дека ќе најде начини да постигне добри цени за сите земјоделски производи.

Селаните посочуваат дека владата бавно го исполнува тоа ветување.

„Не заминуваме додека не се прифатат нашите барања бидејќи нашата доверба веќе еднаш е изневерена. Чекај и види, овој протест ќе биде на многу повисоко ниво од минатиот“, изјави 53-годишниот демонстрант Хариндер Синг.

Можете да прочитате

Најмалку 15 луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во Индија

Поради израелската блокада на болниците во Појасот Газа бебињата делат маски со кислород

Тунберг му одговори на Трамп: И ти страдаш од проблеми со агресија