Утрински Весник
Македонија

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Поројни дождови, громови, силен ветер и град!

Meteoalarm.mk 7.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на голема влажна  и на нестабилна воздушна маса од запад, до крајот на денешниот ден (четврток 11 септември) времето во нашата Република Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења  и со услови за појава на град.


Токму поради очекуваното ново невреме во нашата Македонија, апелирам во случај на појава на електрични празнења граѓаните да обратат поголемо внимание, односно да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на силен ветер граѓаните своите автомобили да ги заштитат, тоа значи да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои што се стари и осамени.

И во Скопје  и околината до крајот на денешниот ден (четврток 11 септември) времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи, засилен ветер во зоната на нестабилност и со услови за појава на невреме. За време на оваа влажна  и нестабилна воздушна маса која ни доаѓа од запад, локално ќе наврне позначително количество на воден талог и тоа над 15/20 литри на метар квадратен дожд.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени, а во Скопје и околината максималната температура на воздухот ќе се искачи до околу 28 степени.

Можете да прочитате

Високообразовна бласфемија – 24info.mk

Неколку пратеници денеска во посета на Агенцијата за разузнавање

ВЛЕН: ДУИ/НАИ се последните што можат да зборуваат за “српскиот свет”!