Утрински Весник
Свет

Невреме во Италија, загина тинејџер

Ovmk9kpturbxy8ymzg3ytvkyjkyngi3nzkymjfmntg0ymvkngmwymy3os5qcgerkwlnblaa3gabotab.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Едно лице загина во силното невреме кое со денови беснее во Италија, а обилните врнежи и силниот ветер продолжија и денеска.

Во селото План, во провинцијата Трентино-Јужен Тирол, загина 16-годишно момче кое се претпоставува дека починало вчера попладне, јавува АНСА.

Неговото семејство вчера вечерта го пријавило во полиција како исчезнато, откако момчето не се вратило дома.

Во потрагата која започнала во девет часот навечер, во снегот било пронајдено неовото безживотно тело.

Италијанските медиуми претходно објавија дека во северозападниот алпски регион Вал д’Аоста, повеќе од 6.000 луѓе, кои живеат во горните делови на долината Гресони, се изолирани од неделата поради лавини.

Портокаловото временско предупредување е на сила во два региони – Емилија Ромања и Пиемонт.

Жолтата метеоролошка тревога е на сила во 13 италијански региони – Абруцо, Базиликата, Калабрија, Кампанија, Молизе, Пуља, Лацио, Ломбардија, Сардинија, Сицилија, Тоскана, Умбрија и Венето.

Одрони се случија во регионот Лигурија во северозападна Италија, во Џенова и неговата околина.

Можете да прочитате

Еруптираше вулканот Калауела – 24info.mk

Руте: ЕУ не треба да се одвои од САД во однос на одбраната

ЕУ ќе мора амбициозно да работи на проширувањето во 2026, ако сака прием на нови членки според планираното