Утрински Весник
Спорт

Невреме во Јапонија, трката на Сузука во прекин

Невреме во Јапонија, трката на Сузука во прекин

Големата награда на Јапонија се врати во календарот на Формула 1 по двегодишна пауза предизвикана од пандемијата на коронавирус, а на Сузука денеска, Макс Ферстапен може да биде крунисан како двократен светски шампион. Сепак, неизвесно е дали трката воопшто ќе се одржи откако се појави црвено знаме, а болидите веќе во вториот круг се повлекоа од патеката поради големото невреме.

dobivaj vesti na viber

Дождот и ветарот оневозможуваат нормално одвивање на трката.

Со оглед дека трката е означена со црвено знаме, постои реална шанса втора недела по ред да не се комплетираат сите закажани кругови. Што и да се случи, трката ќе заврши најдоцна до 10 часот по македонско време поради тричасовното ограничување во кое треба да се одржи трката. Самата трка може да трае најмногу два часа + 1 круг.

Можете да прочитате

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026

Шкендија со минимална победа над Арсими останува во трката за титулата