Утрински Весник
Македонија

Невреме го парализира скопскиот аеродром – авиони кружат и не можат да слетаат

B993775a abec 4f41 b881 4b76f066f1cd.jpeg

Силното невреме што вечерва ја зафати Македонија предизвика сериозни проблеми во воздушниот сообраќај. Неколку авиони на „Wizz Air“ не можат да слетаат на скопскиот аеродром и се принудени да кружат над различни региони на земјата, чекајќи поволни временски услови.

Според податоците во живо од Flightradar24, најмалку три авиони – од Базел (WZZ995), Ајндховен (WZZ29GL) и Солун (WZZ4784) – прават обиколки над Велешко, Охридско и Источна Македонија. Барометриските височини се движат меѓу 17.000 и 30.000 стапки, а проценетите времиња на пристигнување веќе се пробиени.


Скопје моментално е под влијание на нестабилна облачна маса проследена со пороен дожд, град, силни електрични празнења и засилен ветер – услови кои значително ја нарушуваат безбедноста на авиосообраќајот. Слична временска состојба е регистрирана и во централниот и источниот дел на државата, што дополнително го отежнува слетувањето на авионите.

Можете да прочитате

Трибините – огледало на политиката

ВМРО-ДПМНЕ за Таравари: Кога ДУИ те фали, знаеш дека нешто крупно е згрешено

Македонија со нови амбасадори во Саудиска Арабија, Данска, Шведска и Албанија