Утрински Весник
Македонија

Невработеноста достигна 11,5% и рекорд во сивата економија, 100.619 нерегистрирани работници

Agencija Za Vrabotuvane 1024x577 1.png

Државниот завод за статистика објави дека бројот на невработени се зголемил за 0,4% во третиот квартал од 2025 година во споредба со претходниот квартал, но се намалил за 6,7% во однос на истиот период минатата година.

Стапката на невработеност во третиот квартал изнесува 11,5%, при што 62,4% од невработените се мажи, а 37,6% се жени.

Вработеноста се зголемила за 0,5%, при што од вкупниот број вработени, 57,8% се мажи, а 42,2% се жени.

Заводот за статистика забележа и зголемување на нерегистрираното вработување. Во третиот квартал, 100.619 лица работеле нерегистрирано, што претставува раст од 2,5% во споредба со претходниот квартал. Најголем удел на нерегистрирани работници има во секторот земјоделство, шумарство и рибарство со 48,8%, по што следува градежништвото со 17,7%.

Од вкупниот број на неформално вработени лица, 34.340 биле работници, 2.648 работодавачи, над 34.000 работеле за сопствена сметка, додека близу 29.000 лица биле вклучени во семеен бизнис. Неформални вработувања има и во трговијата, угостителството, транспортот и преработувачката индустрија.

Според податоците на статистика, бројот на активно население во третиот квартал од 2025 година изнесува 796.930 лица, од кои 705.165 се вработени, а 91.765 лица се невработени.

Можете да прочитате

Путин го ослободи од должноста амбасадорот во Македонија

Со 3,66 промили алкохол во крвта агресивно се однесувал кон полицајци

Стратешки односи меѓу Турција и Северна Македонија на симпозиумот во Истанбул