Утрински Весник
Магазин

Невообичаено високи температури на Антарктикот

Antarktik.webp.webp

Изминативе неколку месеци, научниците забележаа необично високи температури на Јужниот Пол, што предизвикува загриженост во научните кругови. Овие температури што се многу над просекот за таа област во тековната зима на Антарктикот, се сериозен знак за климатските промени што сѐ повеќе ја погодуваат нашата планета.

Оваа појава, според стручњаците, носи со себе потенцијално катастрофални последици не само за Антарктикот, туку и за целиот светски екосистем.

Јужниот Пол е едно од најстудените места на Земјата, каде што температурите вообичаено се многу под нулата во текот на целата година. Сепак, во последно време термометарот достигна и 30 Целзиусови степени над просекот. Ова е најголемото отстапување од нормалните температури некогаш забележано на овој континент, објави српскиот портал „Политика“.

Научниците изразија шокираност поради овие податоци, нагласувајќи дека „ваквите температурни промени се без преседан“. Можна причина за овие необични температури е феноменот „топол бран“ што годинава беше исклучително силен и долготраен.

Како можна сериозна последица, покрај сушите, поплавите, силните бури и други атмосферски појави во различни делови на светот, покачувањето на температурата на Антарктикот може да го забрза топењето на ледените плочи. Тоа може да доведе до значително покачување на нивото на морето, според некои проценки – и до 60 метри, што ќе биде закана за многу држави и крајбрежни градови ширум Земјата.

Тоа е опасно и за многу животни. Нивното потенцијално исчезнување ќе значи промени и нарушувања на синџирите на исхрана и, воопшто – на здравјето на целиот светски екосистем.

Потенцијално многу опасна последица од топењето на мразот на Антарктикот е и испуштањето метан. Тоа е моќен гас што се ослободува поради ефектот на стаклена градина. Големи количини на метан се заробени под мразот, а тоа ослободување може само дополнително да го забрза глобалното затоплување.

Научниците предупредуваат дека ако продолжи овој тренд, последиците би можеле да бидат далекусежни и неповратни. Промените на Антарктикот нема да останат изолирани – тие ќе влијаат на целата планета. Зголемување на нивото на морето, екстремни временски услови, губење на биолошката разновидност – сѐ тоа се предизвици со коишто светот ќе треба да се соочи во блиска иднина. 

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста