Утрински Весник
Спорт

Невиден дебакл на Голден Стејт во Бостон

Ghx Vjwb0aafr4i.jpg

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс доживеаја еден од најтешките порази во историјата на франшизата, загубија во Бостон со 140:88. Бостон на овој натпревар постигнаа 25 тројки со што го изедначија клупскиот рекорд.

Бостон првата четвртина ја заврши со серија од неверојатни 23:1 за предност од 22 поени по 12 минути, а индиспонираниот тим од Калифорнија на пауза замина со понижувачки резултат 82:38.

Тимот од Масачусетс на почетокот на последната четвртина имаше рекордни 56 поени предност (118:62), а потоа тренерот Џо Мазула реши малку да ги поштеди „Воините“ и предвреме ги испрати своите ѕвезди на клупата. Вориорс го добија последниот период, но тоа секако не може да биде утеха за срамениот дебакл.

Џејлен Браун постигна 29 поени со по три скока и асистенции, Џејсон Тејтум додаде 27, а Пејтон Причард 19. Кај гостите Лестер Киносес со 17, Мозес Муди беа двоцифрени.со 11 и Џером Робинсон со 10 поени.

Најголемите ѕвезди на Голден Стејт Стеф Кари, Клеј Томпсон и Дрејмонд Грин заедно постигнаа 18 поени. Најдобриот шутер во историјата на НБА, Кари, натпреварот го заврши со четири поени, не погоди ниту една тројка, а имаше девет обиди.

Селтикси се во серија од 11 победи и со скор од 48-12 се лидери на Истокот и воопшто во лигата, додека Голден Стејт е деветти на Западот со 32-28.

Можете да прочитате

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига

Јамал потпишува нов договор со Барселона со откупна клаузула од милијарда евра

Синер ја одведе Италија до полуфиналето на Дејвис купот