Утрински Весник
Магазин

Неверојатна животна приказна: Напишал проштално писмо и отишол да се убие, а потоа заѕвонил телефонот

Y0jyt 1275467 Kevi Ls S.jpg

На Кевин Волш еден неочекуван телефонски повик му го променил животот.

“Како 13-годишно момче бев во летен камп, кога ми пријде најубавата девојка и ми кажа: “Црната боја ти стои одлично”. Не знаев што сакаше да ми каже со тоа”, ја почнува Кевин својата приказна. Почнале да разговараат и на крајот се спријателиле. Размениле броеви и некое време по летото останале во контакт, а потоа кога тргнале во средно училиште, секој тргнал по својот пат.

“Морам да признаам, не мина ниеден ден, а да не помислам на Блеки. Дури ни денес со сигурност не можам да кажам зошто, но од некоја причина не можев да ја исфрлам од глава”, објаснува Кевин.

Пред крајот на образованието, сплетот на околностите тогаш 17-годишниот Кевин го довел до тешка депресија.

“Раскинав со девојката, кучето почина на денот на мојата матурска забава…Сето тоа ме погоди многу потешко од што замислував. Одлучив да се убијам. Напишав проштална порака и отидов на местото каде мислев тоа да го направам. Само неколку секунди ме делеа од самоубиство, а потоа ми заѕвони мобилниот. Ми се јави некој од непознат број. Се јавив и сфатив дека тоа е таа.

Ја прашав што има, а таа ми кажа дека почувствувала дека треба да ми се јави”, додава Кевин, кој со Блеки се слушнал една година пред тоа.

“И кажав што планирам. Таа преплашено ми кажа да не го правам тоа”. Му рекла дека ќе му се јави и следното утро, а тој се согласил.

Можете да прочитате

Финансиски хороскоп за октомври: Кој хороскопски знак ќе има најмногу среќа

Фахрије Евџен има едноставна диета: Сопругата на Бали-бег нема ниту грам сало поради овој пијалок

За најубава кисела зелка: Многу е важно кога ќе киселите зелка да го примените овој метод